Насловна Вести За проектот

Конференција Бона Менте

Е-пошта Печати PDF
fdfЗдружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) организираше национална конфeренција на 21 Декември 2011 година  во просториите на “ЕУ Инфо Центарот” во Скопје во рамки на проектот “БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците КОМЗ”  што ИРЗ го имплементираше во изминатите 11 месеци со финансиска поддршка од Европската Унија, преку програмата ИПА 2008.  
Повеќе...
 

Анализа на одговорите од Прашалникот за општинските Комисии за односи меѓу заедниците

Е-пошта Печати PDF

Во текот на активностите на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните- МЕК“, од кои и конференцијата „Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците“, а во синергија со истражувачката дејност на г-а Ашлинг Лион, студент на докторски студии на департманот за Мировни науки на Универзитетот Брадфорд во Велика Британија, беше спроведена анкета на членовите на општинските Комисии за односи меѓу заедниците. Целта на ова кратко истражување беше да се соберат информации околу тоа како членовите на општинските Комисии за односи меѓу заедниците гледаат на нивната работа при промовирањето на позитивните односи меѓу заедниците на локално ниво.

На прашалникот одговорија вкупно 26 членови на Комисиите за односи меѓу заедниците од 11 општини.

Важно е да се нагласи дека испитаниците опфатени со овој прашалник не сочинуваат репрезентативен примерок од сите членови на Комисиите во македонските општини. Анализата содржана во следните делови не може да се генерализира и треба да се смета само за приближен впечаток околу тоа како некои од членовите на Комисиите гледаат на работата што ја вршат. Бидејќи беа опфатени испитаници кои учествуваа во проектот МЕК, а и оние кои не учествуваа, се јавуваат значајни разлики помеѓу овие две групи во одговорите на прашањата содржани во прашалникот.

Резултатите од истражувањето се достапни на македонски, албански и англиски јазик.

 

Одржана конференција: „Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците?“

Е-пошта Печати PDF
CHA_5815На 9 март 2011 година се одржа завршната конференција на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните – МЕК“ кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и  здружението Заеднички вредности со поддршка на Европската Унија.
 
Конференцијата на тема „Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците (КОЗ)“ се фокусираше на споделување на искуствата од проектот МЕК, како и на сознанијата на сите заинтересирани страни кои работат на развој на локалната демократија и меѓуетничките односи.

На отворањето на конференцијата поздравен збор имаа г. Робин Лидел, министер советник, раководител на одделот за политика и информации од делегацијата на ЕУ кој го истакна значењето на унапредувањето на меѓуетничките односи во контекст на процесот на интегрирање во Европската Унија, и г. Абдулаќим Адеми, вице-премиер на РМ задолжен за исполнување на Охридскиот рамковоен договор, укажа дека: „заеднички е констатирано дека овие комисии немаат доволно капацитети и токму овие конференции имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на тие комисии. Апелирам до градоначалниците и до советите на општините да им дадат  повеќе можности и ресурси на овие комисии за да функционираат и да ги разгледаат сите прашања кои се однесуваат на меѓуетничките односи на локално ниво“.
Повеќе...
 

Одржани обуки за користење на Архивата на случаи

Е-пошта Печати PDF

Во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ (МЕК)“ беше креиран електронски систем за архивирање на случаи со кои ќе се сретнат Комисиите за односи меѓу заедниците во текот на својата работа. Со цел правилно и ефикасно користење на Архивата, беа организирани кратки обуки за членовите на Комисиите во секоја од четирите општини од проектот МЕК. На обуките детално им беше преставен системот за архивирање, почнувајќи од начинот на најавување и  креирање на сопствени кориснички сметки, до објаснување на поединечните делови од формуларот од кој се состои Архивата, зачувување на истиот, како и пребарување на веќе внесените случаи. Обуките се одвиваа по следниот редослед:

  • КОЗ Чаир, на 04.02.2011 година, во просториите на општината, на која присуствуваа 4 членови од Комисијата, како и одговорното лице од општината г-а Лејла Алиловска,
  • КОЗ Тетово, на 25.02.2011 година, во просториите на општината, на која присуствуваше еден член од Комисијата, г. Благоја Мирчевски, како и одговорното лице од општината, г. Тахир Зејнели,
  • КОЗ Гостивар, на 04.03.2011 година, во просториите на општината на која присуствуваше одговорното лице од општината г-а Нита Капроли,
  • КОЗ Дебар, на 04.03.2011 година, во просториите на општината на која присуствуваше претседателот на Комисијата од Дебар, г. Шанија Ајровски.
Настанот се организира во рамките  на  проектот  „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ (МЕК) “, финансиран од Европската унија.
 

Најава за конференција: Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците?

Е-пошта Печати PDF

На 9 март 2011 г. (вторник) ќе се одржи завршната конференција на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните – МЕК“ кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и  здружението Заеднички вредности со поддршка на Европската Унија. Конференцијата е на тема „Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците (КОЗ)?“ и ќе се одржи во хотелот Холидеј ин во Скопје.

Повеќе...
 

Одржан семинар „Заедничка подготвителна работилница“

Е-пошта Печати PDF

Seminar2На 19 и 20 февруари, во хотел „Дрим“, Струга , во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните (МЕК)“ се одржа семинарот „Заедничка подготвителна работилница“.

На семинарот земаа учество 12 членови и општински службеници на Комисиите за односи меѓу заедниците од четирите модел општини: Чаир, Тетово, Гостивар и Дебар.

Повеќе...
 

Најава- Семинар: Заедничка подготвителна работилница

Е-пошта Печати PDF

На 19 и 20 февруари 2011 година во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“, ќе се одржи семинар во хотел Дрим, Струга.

На семинарот ќе земат учество членовите на Комисиите за односи меѓу заедниците од четирите модел општини, како и по еден општински службеник одговорен за проектот МЕК.

Семинарот, всушност претставува заедничка подготвителна работилница на која присутните ќе имаат можност да ги сумираат спроведените активности и постигнати резултати, да го дискутираат нацрт прирачникот за КОЗ, да внесат случаи од нивната пракса во информацискиот систем на www.mek.mk, како и да се подготват за конференцијата која ќе се одржи на 9 март 2011 година.

Семинарот ќе вклучи и поединечни средби помеѓу Комисиите и евалуаторот на проектот МЕК, г- а Весна Шкортова.

 

Спроведени обуките за компјутерска писменост во Чаир, Гостивар и Тетово

Е-пошта Печати PDF

Во декември, 2010, се спроведоа обуки за компјутерска писменост во три општини вклучени во проектот„ Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните “. Обуките беа пред сè наменети за членовите на комисиите, но учество земаа и други претставници на општините.

Повеќе...
 

Барање за понуда: Евалуација на влијание на проектот МЕК

Е-пошта Печати PDF

Фондацијата Метаморфозис објавува повик со барање на понуди од добавувач на консултантски услуги за евалуација на влијание (external impact assessment) за Проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“ - www.mek.mk (2010).

Активностите на сите проектот се во тек, а евалуацијата треба да заврши веднаш по нивното затворање, одредено за 22 март 2011 г.

Фокус на евалуацијата е влијанието на активностите врз определената целна група и до кој степен е одговорено на постоечките потреби од дадената област и директно и во поширокиот општествен контекст. При тоа може да бидат опфатени и прашањата на ефективност, продукт и задоволство на корисниците. Покрај јавно достапните податоци, на евалуаторите на располагање ќе им биде архивата на Метаморфозис и проектниот партнер Заеднички вредности, персоналот и податоците за контакт на директните корисници од проектот.

Еден од резултатите на евалуацијата мора да бидат и препораки за понатамошни активности (follow up) за задоволување на потребите на граѓаните во потесната област на работа на Комисиите за односи меѓу заедниците и пошироката област на меѓуетнички односи ги перципираат заинтересираните страни (stakeholders).

Повеќе...
 

Донација на опрема за канцелариите на Комисиите за односи меѓу заедниците во 4 општини

Е-пошта Печати PDF

До крајот на месец октомври 2010 г. беше довршена активноста на опремување на канцелариите на комисиите за односи меѓу заедниците (КОЗ) во општините опфатени со проектот МЕК: Тетово, Гостивар, Дебар и Чаир. Опремата беше донирана од неколку граѓански организации со цел да се помогне при основањето на канцелариите на КОЗ како средство за поефикасна комуникација со граѓаните.

  • За канцеларијата на КОЗ од Дебар беа донирани два компјутера, комуникациска опрема, книги и останат канцелариски материјал, како и промотивен материјал.
  • Во општина Гостивар за потребите на КОЗ беа донирани два компјутери, десктоп и лаптоп, како и комуникациска опрема, мебел, книги и промотивен материјал.
  • Канцеларијата на КОЗ од Тетово беше опремена со два компјутери, мебел и комуникациска опрема, книжен и промотивен материјал.
  • Комисијата за односи со заедниците од општина Чаир доби 2 компјутера и промотивен материјал – постери и флаери.
Повеќе...
 


Страница 1 од 2
МакедонскиShqipEnglish

Вести од општини


flickr-foto-mek

meta-logo-mek

cv-logo-mek
Проектот е поддржан од Европската Унија