Во петок, 17.06.2011 година со почеток од 13.00-14.00, во просториите на општина Тетово ќе се организира Отворен ден на Комисијата за односи помеѓу заедниците од општина Тетово и промоција на Прирачник за комисиите за односи помеѓу заедниците.
Во петок, на 25.02.2011 год. со почеток од 12.00 -13.00, во просториите на општина Тетово ќе се одржи Отворен ден на Комисијата за односи помеѓу заедниците од општина Тетово.
Во четврток, на 17февруари, 2011година претставници на Советот, Комисијата за односи меѓу заедниците, и јавната администрација од општина Тетово, претставници на локални невладини организации, како и претставници на локални медиуми ќе земат учество на јавната средба на тема: "Креирање на програма за работа на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Тетово“
Јавната средба ќе се одржи во салата на општина Тетово со почеток од 13.00 - 14.00.
Во четврток, на 10.02.2011 год. со почеток од 12.00 -13.00, во просториите на општина Тетово ќе се одржи Отворен ден на Комисијата за односи помеѓу заедниците од општина Тетово.
На 01.02. 2011 година со почеток од 12:00 до 13:30 во салата на Советот на општина Тетово ќе се одржи јавна средба на тема: “Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“.
Целта на јавната средба е учесниците да стекнат знаења за процесот на децентрализација и начинот на управување со мултиетнички заедници.
Во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните (МЕК)“, на ден 14.10.2010 година во салата на Советот на општина Тетово се одржа јавна средба на тема: „Комиисиите за односи меѓу заедниците и соработката со невладините организации и претставници на етничките заедници во општина Тетово“.
Работната средба во Тетово се одржа на 26 јуни 2010 година со учество на членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците (КОЗ) и претставници на оделението на Локален економски развој при општината.