На 27.12.2010 година со почеток од 10:00-11:15 во салата на Советот на општина Гостивар, ќе се одржи јавна средба на тема: “Граѓаните и меѓуетничките односи – предизвици и можности во општина Гостивар“.
Целта на средбата е да се отвара дискусија за предизивиците и можностите помеѓу институциите, невладините организации и етнички заедници од аспект на меѓуетничките односи.
На средбата ќе учествуваат локални невладини организации, претставници на Комисијата за односи меѓу заедниците, претставници на Советот и јавната администрација од општина Гостивар како и претставници на локални медиуми.
Јавната средба се организира во рамките на проектот „ „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ (МЕК)“, финансиран од Европската унија. Проектот се имплементира од страна на Фондацијата Метаморфозис и Заеднички вредности.